Арената Филип Втори повторно наречена Адем Јашари (фото)

Порталот Алмакос денеска најави дека во „ВИП ложата на арената Адем Јашари ќе се појави и Али Ахмети“.

Вечерва Шкендија го игра својот меч за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Во неколку наврати пред еден месец во текот на натпреварот помеѓу Шкендија и Млада Болесалав коментаторот на „Дигиталб“ телевизија постојано потенцираше дека мечот се игра на арената „Адем Јашари“.