Аранжманите за Грција и Турција се најбарани оваа година за летување

Грција и Турција и годинава се најбарани дестинации, велат од Туристичко- угостителската комора. Но, интерес има и за Шпанија, Малдивите, како и за и други подалечни и егзотични места.

Граѓаните се советуваат да патуваат со етаблирани агенции, да ги проверуваат договорите кои ги потпишуваат со цел да не бидат изманипулирани. Нелојалната конкуренција сѐ уште претставува проблем.

Во однос на цените, има мали поместувања нагоре, особено за аранжманите во Грција. Во Турција има поволни понуди.

Туристичките агенции велат дека нудат аранжмани и за домашните центри, особено за Охрид и за Дојран. Цените за Дојран се движат околу 200 евра полупансион за едно лице за седум дена.