Арачиновец претепан и ограбен во паркот во Гази Баба

Арачиновецот шетајќи се во парк-шумата во Гази Баба бил претепан од четири лица, при што му биле одземени 600 евра и 3.000 денари.

Во полициска станица Гази Баба Б.Н. (26) од с. Арачиново пријавил дека на 3.10.2017 година во 21 часот, движејќи се во парк-шумата во Гази Баба од страна на четири непознати маскирани лица му било извршено разбојништво на тој начин што го застанале и едно од лицата го удрило со боксирач во пределот на главата, додека другото лице го фатило за ременот и почнало да го влече по земја по што паднал во бессознание. По некое време откако дошол при свест, лицата ги немало и забележал дека од џебот од фармерките му го нема паричникот во кој имало 600 евра и 3.000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите на разбојништвото.