Ако секој ден поминувате по осум часа во седење, тоа може многу лошо да влијае на вашето здравје. Неодамнешни истражувања покажаа дека редовното вежбање не може да ја надокнади штетата настаната со осумчасовното седење.

Какви совети да им дадеме на луѓето кои работат осум часа во канцелариите?

Движете се по неколку минути секој ден. Станете од столицата неколку пати на ден и прошетајте по канцеларијата. Една од студиите предлага дека за здравјето е доволно 16 минути дополнително движење со секојдневната прошетка.

Што ни откриваат истражувањата?

Во првото истражување за „National Health and Nutrition Examination“ учествуваа 3626 возрасни Американци кои истражувачите по пат на мониторинг го следеле нивното движење во текот на целиот ден.

Три години по спроведеното истражување, истражувачите ја провериле евиденцијата на мртвите учесници. Тие сакаа да истражат дали седењето влијаело на прераната смрт на учесниците од ова истражување. За да дојдат до заклучок, истражиле и како учесниците го поминувале своето слободно време (активно или пасивно). Откриле дека нема разлика дали седеле или стоеле на работа, ризикот за прерана смрт е ист. Но, она што можете да го направите за своето здравје е да прошетате по две минути на секој час од вашето работно време, бидејќи така ќе го намалите и до 33% ризикот од прерана смрт за разлика од оние кои само седеле цел ден.

Бидејќи истражувањето било само набљудувачко, а истражувачите не влијаеле на однесувањето на учесниците, не може со сигурност да се потврди дека одењето на секој час по неколку минути го намалува ризикот од смрт. На пример, кај луѓето кои водат здрав и активен живот поголема е веројатноста дека ќе станат и ќе се движат повеќе отколку нивните помалку здрави врсници.

Друго истражување препорачува да поминете вкупно два часа во стоење (од вкупно осум часа поминати на работа) секој ден, а исто така и во паузата да прошетате, наместо да го поминете времето во стоење.

Ако на работа одите со јавен превоз, обидете се барем еднаш неделно  да прошетате една, две постојки за трамвај за да ја исполните квотата од 16 минути одење (препорачана  во првата студија) и запомнете дека во здраво тело е и здрав дух.