Апсење на скопскиот аеродром

Вчера во 08.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, на влез во Македонија, по извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека Х.В. (27) од Авганистан, кој допатувал од Истанбул, Р. Турција, се наоѓа на стоп-листата со мерка ,,апси“, по барање на МВР – Сектор за меѓународна полициска соработка.

Тој бил приведен и задржан за понатамошна постапка.