Апсење на скопскиот аеродром

На скопскиот аеродром за влез допатувал 25-годишниот А.М. од Tурција со турска  патна исправа.

По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е дека евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол.

Откако турската патна исправа и личната карта се дополнително проверени констатирано е дека се фалсификувани, а во неговиот багаж е пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А.(24).

По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во Република Македонија.