Вчера во 16 часот и 30 минути на обиколница Скопје, кај клучката за село Арачиново, од страна на полициски службеници при рутинска контрола, биле уапсени неколку лица.
-Било сопрено патничко моторно возило пик-ап “Мазда“ со велешки регистерски таблици управувано од 27- годишниот Б.И од село Рашче-скопско во кое имало девет лица - мигранти од Пакистан, без документи- се вели во соопштението.
Лицата и возачот биле приведени во ПС-Гази Баба, за понатамошна постапка.