Авалон  со огромно задоволство ве информира дека концертот на АPOCALYPTICA „Plays Metallica by four cellos”  ќе биде најпосетен на оваа европската турнеја. Имено, според досегашната продажба, сигурно е дека на концертот ќе присустваат минимум 5000 посетители желни за урбан и квалитетен настан, во комбинација со спектакуларна свирка каква што АPOCALYPTICA секогаш знае да направи.

Цените на влезници за овој голем настан, се навистина прифатливи за сите генерации:

400 денари ПАРТЕР
600 денари ФАН ПИТ
600 денари SILVER SEATS
800 денари GOLDEN SEATS
1000 денари ВИП

На оваа турнеја, АPOCALYPTICA нема support band поради тоа што концертот ќе трае околу 2 ипол часа.

Продукцијата ќе биде спектакуларна и нема сомнеж дека ова е централен светски настан оваа пролет во Европа и must see event!

Коцертото ќе се одржи на  5-ти април во ВИП Арената.