Ноќен Живот
21. December 2016 - 11:06

Аплауз и овации за „Леб и сол simphony“ во МОБ

На концертот насловен “Леб и сол simphony“, беа изведени песни во оркестарска обработка од првиот албум на бендот во 1970-тите години, па се до последниот нивен албум.

Присутните во салата на МОБ уживаа час и половина во одлична музичка магија приредена од музичарите на Леб и сол (Кокан Димушевски -клавијатури, Бодан Арсовски -бас гитара, Димитар Божиков - гитара, Михаил Парушев-тапанар) и оркестарот и хорот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Саша Николовски-Ѓумар.

Нивната изведба на добро познатите хитови беше наградена со бурен аплауз и овации, а македонската публика ќе има можност да проследи уште два концерти закажани за 21 и 22 декември.