Апел за помош на семејството од скопско Драчево чиј дом изгоре во пожар

Четиричлено семејство со две малолетни деца чиј дом во скопско Драчево пред четири дена изгоре во пожар собира донации за обнова на домот.

Семејството Глугоровски упати апел до граѓаните да помогнат со што можат зошто во пожарот им изгоре се, од облека до покуќнина.

Нивните деца се на возраст од 8 и 3 години.

Сите хумани граѓани може да донираат за семејството од Драчево кое за миг го изгуби својот дом. 

Трансакциска сметка на Стопанска банка : 200002694256084 Александра Глугуроска   ID 1120142

Девизна сметка: МК7200003404598821 ЕУР на име Александра Глугуровска

Девизна сметка: МК072400003404596784 УДС на име Александра Глугуровска