Апел: Возачите да го почитуваат времениот сообраќаен режим на улицата „Ѓорче Петров“

ЦУКС ги потсетува граѓаните дека поради градежните активности за реконструкција на коловозот на дел од ул. "Ѓорче Петров" во Скопје и тоа на потегот од крстосница со ул. "Никола Пушкаров" до крстосница со ул. "Сарај" во Општина Ѓорче Петров, воведен е времен сообраќаен режим.

Сообраќај не се одвива на потегот од општинската зграда до Бензинската пумпа на Макпетрол, па возилата што се движат кон излезот на Скопје сега се пренасочуваат по улицата „Борис Сарафов’’ во Општина Ѓорче Петров, додека во спротивната насока сообраќајот се одвива непречено и без застој.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните активности, па оттука и апелот до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и поставента сигнализација, прилагодувајќи ја свопјата брзина на движење според условите на патот.