Антиќ си заминува од Фенербахче

Перо Антиќ, по завршувањето на сезоната, ќе си замине од Фенербахче. Неговиот договор истекува со крајот на шампионатот, а најавите се дека нема да биде продолжен, така што станува сè поизвесно дека тој ќе ја смени средината.

Од друга страна, Антиќ е дел и од колонијата странци во тимот од Истанбул. Екипата на Фенербахче ги има девет, а право на настап во првенството на Турција имаат само шест, поради што многу ретко добива шанса да биде на терен.

Покрај тоа, станува сè поизвесно дека ќе биде потребно да си најде клуб во кој ќе може да игра многу повеќе бидејќи сè уште може да придонесе за својот тим. Оттаму почнуваат да се појавуваат информации околу неговиот следен тим. Нема да биде изненадување ако после неколку години одново го облече дресот на Црвена звезда, на која добро би ѝ дошол играч од типот на Антиќ, кој со своето искуство може да придонесе особено во одбраната.

Има некои опции и за заминување во Кина каде што кошаркарските тимови почнуваат да го следат примерот на фудбалските и да ангажираат играчи кои имаат големо искуство, но и настапи во НБА-лигата.