АНКЕТА: Каде скопјани ќе ја дочекаат Новата година? (видео)

Париз и Дубаи се дестинации каде што македонските граѓани најмногу сакаат да ја поминат новогодишната ноќ. Бројот на купените пакети е значајно поголем од минатата година.

За подалечните места се уплатуваат и по четири или шест ноќи, додека до дестинациите каде што се оди со автобус најчесто аранжманот е по две ноќи, односно три дена. Годинава нема поголеми отстапки ниту во зимувањата, односно најбарани дестинации се Банско и Боровец во соседна Бугарија.

Но сепак поголемиот дел од граѓаните се одлучуваат новата година да ја поминат во домашна атмосфера со своите најблиски или во некој од рестораните и кафулињата.

Видео: Тв Нова