Анима Мунди бара шетање на милениците и во полициски час

Од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ реагираат до Владата за воведениот полициски час.Тие бараат да се изнајде начин како да им се овозможи на лицата постари од 65 години да можат да ги изнесат надвор своите домашни миленици да извршат нужда и по 21 часот.

– Реагираме во врска со одлуката на Владата за воведување полициски час и воведената забрана за движење на лица постари од 65 години. Бараме да биде направена отстапка како што е дозволено во Италија и Бугарија, односно да биде дозволено шетање на миленик (куче) во близина на местото на живеење. Многу повозрасни граѓани кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот – се вели во реакцијата на „Анима Мунди“.