Андрија Милошевиќ со „Златен ланец од бижутерија“ гостува во МНТ

Српскиот актер Андрија Милошевиќ вечерва гостува на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Златен ланец од бижутерија“ од 20 часот.

„Златен ланец од бижутерија“ е хит претстава во регионот со текст на Миодраг Мио Караџиќ. Продуцент на претставата е Бата Караџиќ, а музиката е на Владимир Рацковиќ. Сценариото ја раскажува животната приказна на Констадин – Лале, 35 годишниот Црногорец кој доаѓа во Белград полн со надежи и очекувања. Тој бара богата девојка да го издржува. Кога ќе ја најде, започнува авантурата.

Билетите за претставата која ја носи „КМК продукција“ се продават онлајн на страницата на МНТ и на билетарата на театарот.