Андоновски и Водолазкин на Саемот во Санкт Петерсбург

На 24 и 25 мај, како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петерсбург, ќе учествува нашиот писател Венко Андоновски. 

Првиот ден тој ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе води во моментов најпопуларниот руски писател Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.