Ана Николиќ и Раста на концерт во Скопје!

Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ  попознат по прекарот Раста ќе  имаат заеднички концерт на 16 февруари 2018 во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје! Ова ќе биде прв голем концерт по породувањето на Ана, која одлучи да се врати на сцената на голема врата.

Николиќ подготви специјални мултимедиски материјали кои ќе се прикажуваат на големи видео-бимови во текот на нејзиниот настап. Ана редовно вежба нови кореографии со кои ќе ги размрда и сите фанови во ВИП арената „Борис Трајковски“, а подготвува и нови секси костими.

Сите кои сè уште немаат набавено билети, треба да побрзаат бидејќи следува настап со многу изненадувања, сценски ефекти, танчерки… Билетите можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, во „1/2Југотон“, „Југотон“ и цвеќарница „Розе“ во Веро 2 – Тафталиџе.

Со секој купен ФАН-ПИТ билет следува цеде албум од Ана Николиќ.