Ана Јовковска: Шефот каде што работев ме нападна во неговата канцеларија, веднаш си дадов отказ!

Обелоденувањето на секс-скандалите во изминатиов период е сè поинтензивно и многу повеќе личности решаваат своите приказни да ги споделат со јавноста, наместо истите да ги чуваат во себе.

Страв дека ќе се повтори, страв од осудуваност, но и страв од обвинување и префрлање вина на жртвата се едни од најнаведуваните причини во приказните на жртвите кои денеска ги споделија на социјалните мрежи под хаштаговите #СегаКажувам, односно #TaniTregoj (ФејсбукТвитер).

-Имав 25 години. Работев во телевизија. Додека го презентирав новиот ТВ проект „шефот" ми се доближи толку блиску што ми влезе во интимниот простор на мојата аура. Ме залепи за врата. Мојот отпор беше само еден збор -„недолично", напиша на Фејсбук водителката Ана Јовковска, која преку своето искуство ја поддржа кампањата против сексуалното вознемирување  #СегаКажувам #TaniTregoj.

Македонките на социјалните мрежи споделуваат искуства за сексуално вознемирување на училиште, на факултет, на работното место. Во продолжение во целост го пренесуваме исказот на водителката Ана Јовковска.