АМСМ: Два патни правци во Македонија денеска ќе бидат во прекин

Од АМСМ известуваат дека два патни правца денеска ќе бидат во прекин.

Поради протест на странски државјани, патниот правец Крива Паланка-Куманово е во прекин од седум часот утринава, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Прекин на сообраќајот денска од 13 до 17 часот ќе има и на на патниот правец Маврово – Дебар на делот од селото Рајчица до Дебар. Како што информираат од ЈП Македонија пат, прекинот е поради изведување градежни работи, односно асфалтирање.