Пред да дојдам во Македонија не знаев апсолутно ништо за оваа земја. Кога пристигнав и сега кога заминувам сфатив дека ова е најубавата земја во југоисточна Европа.

Етхан Руланд е поранешен американски маринец кој изминатите петнаесет месеци патува низ светот. Разочаран од работата која ја работел почнува да се занимава со барменство од каде што заработува пари за патување.

Изминатиот период тој беше во Скопје. На пат кон Турција застана да ја види Македонија. За време на неговата посета седнавме, испивме убаво македонско кафе и направивме краток муабет за неговиот престој и за импресиите од оваа мала, но многу убава земја.

- Патувам 15 месеци за да видам се што можам во целиот свет. Дојдов во Македонија бидејќи ми беше успат на патувањето кон Турција. Сакав да научам нешто за земјата за која што не знаев буквално ништо, вели тој во разговорот со нас.

 Слушајќи како со задоволство раскажува на нашата земја, вели дека Скопје е убав град кој што има интересни зајдисонца и прекрасен народ.

- Апсолутно се вљубив во оваа земја. Би сакал да имам повеќе време за прошетка. Народот е гостопримлив и прекрасен, статуите се феноменални и Скопје е убав град. Едноставно град со душа, на крајот додава тој.

Повеќе фотографии од неговата посета во Македонија може да погледнете на неговиот инстаграм профил.