Американец во Скопје: Домаќините пијат кафе по една цена, а странците по друга

Порано за Скопје немав слушнато многу. Но, откако започнав да работа со неколку Македонци, почнав да го запознавам градот. Никогаш претходно не бев заинтересиран да отворам на интеренет и да прочитам нешто повеќе, но откако видов како живеат моите колеги, а за мене тоа беше нешто ново, а изгледаше и убаво, решив да се дружам со гугл и да барам нешто повеќе.

Сето она што го прочитав беше интересно и добив желба да ја посетам Македонија, особено Скопје и Охрид.

Убава е Македонија, убаво е и Скопје. Македонци се топли луѓе, а македонките се многу посебни жени. Има убави и згодни девојки, поразлични се од американките. Македонките постојано се смеат. Имам чувство дека Македонците сакаат гости.

Откако стигнав ме однесоа во кафеана. Нема кај нас такво нешто, ние немаме време за музика, дружење и пиење.

Во Македонија бев околу две недели. Имав можност да видам многу работи. Но, едно нешто што најмногу ме воодушеви беше Матка. Колку убаво место. Убава природа. Многу луѓе. Колку ми беше таму убаво и пријатно, исто толку и се разочарав.

Откако седнавме во еден од рестораните, нарачавме кафе за пиење. Седевме околу еден час од прилика. Моите другари, колеги, станаа некаде, а јас останав сам, не ми пречеше тоа, јас секако уживав во онаа природа. Решив јас да го викнам келнерот и да ја платам сметката , додека тие не се тука, бидејќи ништо не ми дозволуваа јас да плаќам, па сакав да искористам. Келнерот првин едвај ме разбра, но потоа ми наплати, а без да ми донесе сметка. Беше мала за мене. Кај нас кафето е далку поскапо. Кога дојдоа моите другари им кажав дека ја платив сметката и дека може да станеме. Тие се изненадија, бидејќи и тие ја платиле истата. Но, не беше тоа најинтересно. Најинтересно беше тоа што сметката која ја платив јас беше можеби три пати поголема, откако што е реалната и што ја платиле тие.

Секако, не изреагирав бидејќи не сакав да правам проблеми, а исто и моите другари, но, бев изненаден. Се смеевме со моите после тоа дека кафето за странците е поскапо, а домаќините имаат привилегија.

Но, како и да е, не жалам за тоа, убава е Матка, уживав цел ден таму и пак би одел кога би имал шанса за тоа.