Aмериканец каснат од куче скитник на Кеј, скопјанец во Чаир

Синоќа во Полициската станица Центар, Р.Р.У. (30) од Монтана-САД пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Вчера попладне пак во Полициската станица Чаир, М.Р. (48) од Скопје пријавил дека на ул. „Хо Ши Мин“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.