Американци раскажуваат: Прекрасна е сликата кога скопјани се собираат на балкон, пијат пиво и разменуваат муабети

По завршување на своето патешествие низ Хрватска двајца американци родени во Чикаго решаваат да ја посетат и да прошетаат низ Македонија. На својот блог и преку видеото на youtube раскажуваат за Скопје. Велат дека тоа е градот кој е Лас Вегас во Европа, но и раскажуваат за дружењето и заедничкиот живот во Скопје.

Во текстот посветен за Скопје велат дека многу туристи ја забележуваат чудната архитектура на градот. Секако, не може и да не се забележи бојата која сеуште ги покрива спомениците, а која е резултат на политичките несогласувања во државата.

Понатаму, додаваат дека позитивно биле изненадени од гостопримството и од топлината на народот во Македонија. Велат дека луѓето и соседството многу ги потсетувале на тоа кога растеле во Чикаго.

Прекрасна е сликата кога соседите ќе се соберат на балконите, споделувајќи пиво и разменувајќи убави муабети. Во текот на попладнето сите се собираат на улиците демонстрирајќи чудно ниво на заедништво, велат тие.

Понатаму во својот текст препорачуваат да се посети ноќниот живот и да се ужива во локалните кафеани кои служат вкусна храна. Целиот текст може да го погледнете и прочитате на следниот линк.

.be