Амбициозни родители, килави деца

Може да се видиме во воторник да си поиграат децата, уф не извини на англиски сме па на модерен танц, добро тогаш нека остане за среда, еј не ќе можеме треба да одиме на пливање...Родителите своите деца ги испраќаат на 5 вида актвиности со цел нивнотот детет да се занимава со нешто за да не му биде досадно.Дали амбицијата на родителите да надокнадат се она што они пропуштиле во животот, може позитивно или негатино да влијае врз детето?

-Јас на пример имам соседи кои малиот уште на иде на пливање, карате, кошарка..... Абе еден куп пари дадоа само за бензин, а од авион се гледа дека малиов не е роден за спорт. ако јас се прашувам јас би донела закон за заштита на децата чии родители сакаат да надокнадат преку нив се она што пропуштиле во животот, вели скопјанката Вале.

Иако родителите имаат добра намера и во состојба се да направат сѐ наместо своите деца за тие да не згрешат. Постојано ги контролираат, им се вовлекуваат во игрите, им се наоѓаат на патот, постојано ги советуваат, ги решаваат нивните проблеми, им го планираат животот... Навидум на многумина тоа ќе им изгледа како добро за детето, но не е така.

-Не е работа дали е или не е за спорт туку дали сака. Знаеш дека 5% е талент а 95% труд во било кој спорт.Во ред е да го насочуваш детето и даваш подршка за нешто што сака да го прави, но ако не сака ти можеш да бидеш колку сакаш амбициозен ама не правиш ништо. Амбициозноста може да биде позитивна и негативна особина. Меѓу другото можеш да добиеш и контра ефект. Да прави нешто детето што не сака и да биде незадоволно или пак во крајна линија да го направиш 100% зависно од тебе да утре едноставно лута низ животот. Од друга страна пак учи од тебе дека треба да биде амбициозен, упорен и да вложува труд, вели Бети.

Нема ништо лошо во тоа родителите да се трудат да нивното дете биде подобро од нив во одредени работи. Да не е само опсесивна таа нивна желба па да се трудат да ја остварат по секоја цена и против очигледната незаинтересираност кај детето за одредена област.Понекогаш љубовта кон нешто не се раѓа сама од себе туку треба да ја поттикнеш. Затоа се тие активности, дури и да не се баш добри во таа активност барем ќе знаеш дека пробале, се потрудиле и знаат на што се.