Амбасадорката на Србија го посети Ѓорче

Душанка Дивјак-Томиќ, амбасадорката на соседна Република Србија беше во пријателска посета на градоначалникот на скопската Општина Ѓорче Петров.

На средбата тие разговараа за досегашните соработки помеѓу оваа општина и двете збратимени српски општини, Осечина и градот Краљево. Се разговараше и за можни идни соработки од полето на економијата и развојот на приватниот сектор преку промоција на компании од Македонија, не само во збратимените општини. Двајцата дадоа свои предлози како досегашната успешна соработка би можеле уште повеќе да ја унапредат. Важна тема беа и меѓународните пазари на кои македонските и српските компании се претставуваат заедно. Конкретно се разговараше за еколошки производи чие производство е тренд кој го следат претпријатијата од збратимените региони.