Амбасадата на САД и Црвениот крст на Скопје ќе организираат крводарителна акција и акција за собирање прехранбени продукти и облека

Амбасадата на САД, во соработка со Црвениот крст на Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина ќе организира крводарителна акција и акција за собирање прехранбени продукти и облека за да го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање.

Заинтересираните дарители на крв, конзервирана храна и зачувана облека ќе можат да го сторат тоа во Амбасадата на САД, од 9 до 16 часот. Амбасадорот Џес Бејли ќе им се обрати на присутните во 11:15 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, и претставничката на Институтот за трансфузиона медицина, д-р Миленка Благоевска.

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна и облека за загрозените семејства за претстојната зима.

Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009 Конгресот на САД усвои сојузен закон, поддржан од двете партии, со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.