Алкохолот, дрогата и немаштијата се главните причини за семејното насилство

Најголемиот дел од жртвите на семејното насилство се жени. Проблемите со алкохолот, дрогата,  но и немаштијата  се главните причини за истото.  Присутни се сите видови насилство, но најчесто се  пријавува физичкото. 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која присуствуваше на дебатата ,, Заедно против насилството врз жените,,  вели дека тоа од секогаш било присутно во нашата држава, но големиот број едукативни кампањи придонеле да се зголеми свеста и храброста кај жртвите да го пријават истото.  Царовска најави дека владата сериозно е посветена на ова прашање и од семејното фокусот го става пошироко на родово базирано насилство и искоренување на сите негови  форми.

,, Токму затоа сите институции во моментов се припремаат за ратификација на Истанбулската конвенција којашто ќе ни даде обврска голема како држава,  да постои координиран систем помеѓу сите институции за одговор на родово базирано насилство. Ќе треба да се воспостават сервиси коишто ќе одговараат на потребите на жртвите на родово базирано насилство и институциите и судовите нема да смеата да затајуваат.,, вели Мила Царовска – министер за труд и социјална политика

Во моментов во Македонија има четири шелтер центри за семејно насилство кои треба да праснат во центри за родово базирано насилство. Во меѓувреме од министерството за труд и социјална политика најавуваат дека се работи на отварање и на првиот шелтер центар во државата за заштита од сексулано насилство.