„Александар Велики“ заминува, скопскиот аеродром ќе се вика „Пријателство“

По повеќечасовната средба во Давос, македонскиот и грчкиот премиер најавија серија мерки на добра волја за подобрување на меѓусебните односи, и иницијатива за решавање на спорот за името.

Преименувањето на автопатот и аеродромот во „Пријателство“ од Александар Македонски, ќе биде првиот чекор кој ќе го преземе македонската влада со цел да покаже добра волја кон соседна Грција во рамките на преговорите да се најде решение во деценискиот спор за името.

„Владата ќе го промени името на аеродромот и на автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“. Нашите активности ја покажуваат нашата добра волја. Тоа сведочи за фактот дека немаме никакви територијални претензии. Тие (Грција, н.з.) ќе покажат добра волја и ќе ни дозволат да ја зголемиме соработката со ЕУ и со други меѓународни организации“, рече Заев.