Градот Скопје започна постапка за набавка на 100 албански знамиња. За оваа цел предвидени за 120 илјади денари или околу 2 илјади евра од буџетот на градот.
Економските оператори кои аплицираат во тендерот треба да понудат знамиња на албанската заедница во Република Македонија. Ширината на знамињата треба да биде 90 сантиметри, а должината 160 сантиметри.
Во тендерската документација е утврден и изгледот на знамето. Основата треба да биде црвена боја, а двоглавиот орел во црна боја.