Алармантна е бројката на мозочни удари во Македонија

Бројот на мозочни удари во Македонија е застрашувачки и мора да се работи на едукација и информирање на граѓаните како да се заштитат од оваа смртоносна појава.

Станува збор за болест која може да се спречи доколку симптомите се откријат навреме. Праксата покажува дека болестите на срцето кај луѓето неретко предизвикуваат и мозочни удари, од кој последиците може да бидат смртоносни.

Се апелира до државните институции повеќе да се ангажираат во насока на спречување на оваа појава и преку кампањи и запознавање на граѓаните да влијаат на нивната свест.

Според слободна проценка на еден милион жители околу 1.000 лица доживуваат мозочен удар, што значи дека во земја како нашата бројката би била околу 2.000 случаи.

Целта е навреме да се реагира и да се преземат мерки уште пред да се случи ударот.