Ако животот беше филм...

Тоа што те љубев беше како дишење. Не морав да размислувам за тоа, едноставно го правев.

Не знам дали некогаш ќе сфатам зошто не успеавме. Веројатно нема некоја вина. Едноставно не комунициравме и работите излегоа од контрола.

На крај решив да се помирам затоа што јас ти посакувам повеќе од нашата бескрајна мизерија предизвикана од нашата врска.

Еднаш ми кажа дека секогаш ќе ме сакаш, но понекогаш тоа не е доволно.

Не добиваме милион шанси за да ги направиме работите како што треба.

Животот не е како филмовите каде ја пушташ љубовта на твојот живот да си оди, а тие се враќаат со срцето во рака, стоејќи на дождот, молејќи да се смирите. Со нив не јавате кон зајдисонцето. Нема изрази до типот: „Си живееја среќно до крајот на своите животи.“

Не го очекувам тоа за нас. И двајцата сме премногу горди.

Посакував да не бевме.

Еден ден, по многу години, кога ќе се вратиш од работа, ќе седнеш и ќе почнеш да размислуваш за животот. Се надевам ќе се сетиш на мене и ќе се насмевнеш. Можеби не успеавме, но сепак се сакавме.

Кога твојата идна жена ќе влезе во собата, се надевам дека тој спомен ќе избледи. Се надевам дека кога ќе те бакне, ти ќе заборавиш дека сум постоела. Се надевам дека целата болка која си ја предизвикавме еден на друг ќе исчезне кога ќе ја запознаеш неа. Се надевам дека ќе сфатиш зошто никогаш не успеавме.

Дотогаш ти посакувам мир. Се надевам дека тоа што се ослободи од мене донесе мир во твојот свет. Јас не бев ништо друго освен ураган во твојот живот.

Отсега па натаму, се надевам дека во твојот живот нема да има дожд, само сончеви денови.