Ако во рајот имаше телефони, секој ден ќе ти се јавував...

Има толку многу работи кои сакам да ги кажам.
Има толку многу работи кои сакам да ти ги раскажам.

Би ти се јавувала секогаш кога би можела, баш како порано.
Би ти се јавила кога имам добар ден. Моја омилена работа беше тоа што можев да ти кажам за добриот ден кој го имав. Обожавав да ти раскажувам приказни, сакав да ти ги кажувам сите детали.
Би ти се јавила и кога имам лош ден. Не постоеше утеха како можноста да зборувам за тоа како целиот ден беше тапа. Секогаш правеше се да делува подобро, дури и без да се трудиш.

Би ти се јавила да ти ги кажам најновите трачеви. Ти секогаш сакаше да знаеш што има ново во животите на луѓето. Сакаше да бидеш дел од тоа.

Ти беше најдобриот чувар на тајни.

Би ти се јавила само за да ти го чујам гласот. Има денови кога верувам дека само тоа ми е потребно. Тоа е се што ми е потребно за лошиот ден да биде малку подобар. Тоа е се што ми е потребно за да се променат работите.

Сето тоа ми недостига.

Би ти се јавила да ти кажам дека ми недостасуваш. Би те потсетувала на тоа колку што е можно почесто. Би се осигурала дека нема да помине ден без да ти кажам колку е празен мојот свет откако ти го напушти.

Би ти се јавила да ти кажам дека те сакам.

Би се осигурала дека нема да има ден без да ти кажам колку те сакам. Би се осигурала дека нема да има ден без да знаеш дека ти беше и секогаш ќе бидеш најдобрата личност која некогаш сум ја познавала.

Би ти се јавила да ти кажам дека ми требаш. Затоа што со секоја добра и лоша работа, сфаќам дека уште повеќе ми требаш.

Би ти се јавила да ти кажам дека никогаш нема да те заборавам. Без оглед на тоа колку време сме разделени, без оглед на тоа колку долго те немам видено, јас никогаш, ама баш никогаш нема да те заборавам.