Ако ви треба изговор за попладневна дремка, сега веќе го имате - таа е одлична за нашето здравје

Добри вести за љубителите на попладневната дремка. Според податоците споменати на Годишната конференција на кардиолози која оваа година се одржува во Лондон, дремките се многу поволни за нашето здравје.

Оваа убава навика се поврзува со понизок крвен притисок, а влијае и на намалување на ризикот од срцев удар и останати кардиоваскуларни болести.

Во спроведеното истражување учествувале околу 400 мажи и жени со хипертензија, состојба со невообичаено висок крвен притисок. Истражувањето покажало дека оние кои спијат попладне, имаат понизок крвен притисок за 5 % споредено со пациентите кои воопшто не спиеле попладне.

Утврдено е дека 1 час сон дава најдобри резултати.

Сепак, докторите посочуваат дека денес со брзото живеење, оваа навика е како луксуз за некои луѓе со оглед на тоа дека многу малку луѓе можат да си дозволат да преспијат по работа. Тие истакнуваат дека треба да се најде време, барем 30 до 50 минути за да применува оваа убава навика.