Ако веќе треба да раскинете, направете го тоа правилно

Раскинувањето или прекинувањето на врската воопшто не е лесна работа. Како и се во животот, и таа има свои правила. Доколку чувсвувате дека крајот ви се ближи, тогаш потрудете се да ги следите следниве правила.

Раскинувањето е секогаш лично, тука станува збор за личност која се уште ви е драга, па никако немојте да користите СМС-пораки за да ја соопштите лошата вест. Секогаш разговарајте лице в лице и бидете искрени, но пристојни.

Испланирајте го разговорот, бидејќи постои можност да избегате од темата и раскинувањето да добие друга насока, затоа составете си сценариото во глава за да ја намалите нервозата и да се сосредоточите на целта.

Никако не лажете, кажете ја вистинската причина зошто раскинувате. Секако е дека ќе посакате да  ја ублажите состојбата, но искреноста е сепак најдобра. Не оставајте другата страна да погодува и да претпоставува зошто врската не успеала.

Не навлегувајте во детали, не бидете сурови. Нема потреба да додавате дека веќе ви се допаѓа  некој друг.

Никогаш не раскинувајте кога сте под дејство на алкохол, не само што зборовите несвесно ќе ви излетуваат од уста, туку и помнењето ќе ви биде заматено. 

Не давајте лажна надеж, посебно не давајте надеж дека можеби некогаш повторно би биле заедно.

Разберете се со убаво, не можете одеднаш да ги расчистите работите. Затоа не обидувајте се да се сретнувате се додека не расчистите. Ако е готово, готово е.

Не контактирајте некое време, дајте си простор еден на друг и продолжете секој по својот пат.

Без повторно смирување, ако еднаш сте раскинале, па сте се смириле, големи се шансите повторно да раскинете заради истата причина како и првиот пат.

Раскинувањето не е центар на внимание, не споделувајте го јавно раскинувањето и не принудувајте ги заедничките пријатели да одберат страна.

Бидете голема личност, зачувајте го достоинството така што нема да си кажете ништо ужасно еден на друг за време на раскинувањето.