Ако ве мачи забоболка, еве како да ја ублажите!

Болка во забите никогаш не е пријатна работа, особено кога не сте во можност веднаш да се обратите кај стоматолог. Без разлика што не се работи за трајно решение, добро е да се знае што би можело да ви помогне да се ослободите од болката во такви моменти. 

Со помош на голем број природни методи, можно е да ја намалите болката во забите, која најмногу ја чувствувате навечер, кога сте во фаза на мирување или кога повеќе крв од вообичаено доаѓа до заболените места, па се зголемува притисокот. 

Забоболката можете да ја намалите со тоа што во топла вода ќе разредите малку сол. Потребно е со оваа течност да ја исплакнете устата, но притоа не голтајќи ја водата. 

Кај забоболката исто така помага и комбинацијата на нане, валеријана и кантарион. Помешајте две вреќички чај од кантарион и нане и додадете неколку капки ваалеријана и оставете да отстои 10-тина минути. За да ја намалите болката ефективно потребно е да се напиете барем две шолји дневно. 

Листови од метвица, е една од најпопуларните намирници. Сувите листови држете ги околу заболениот заб, неколку минути. Потоа, плукнете ги и повторете ја постапката неколку пати. Болката полека ќе исчезне.

Можете да си помогнете и со коцки мраз, кои ќе ги замотате во парче ткаенина или памук и ќе ги потпрете на вашиот образ. По некое време ќе се чувствувате подобро. 

Облогите, покрај со мраз, може да ги направите и со лук. Иситнете го лукот, за тој да го испушти сокот и ставете го во газа. Направете го истото како и со мразот. Наскоро болката и отокот ќе исчезнат. 

Во некои записи, како лек против забоболка се споменува и камилицата. Чајот од камилици е добар за испирање на устата. 

Забоболката е јасен знак дека е потребно да одите на забар, но доколку тоа не е можно веднаш, овие неколку совети ќе ви го направат полесно времето на чекање. 

cheap nike free run 5.0