Вејн Дајер, психолог и еден од најистаткнатите писатели на современите мотивациони книги открива зошто никогаш не треба да се расправате околу тоа дали сте во право или не: вие знаете што е вистина, а туѓото мислење воопшто не треба да ве допира.
Тој вели дека ако треба да бирате помеѓу тоа дали да бидете во право или да бидете љубезни, секогаш бидете љубезни, а еве и зошто:
„Единствената работа која треба да ја запамтите е дека треба да се ослободите од потребата за својата репутација. Има една одлична реченица од која можете многу да научите, запомнете ја и повторувајте ја во себе кога некој ве критикува.
Таа гласи: Тоа што го мислите за мене, не е моја работа. Не ме интересира тоа што сите постојано мислат или со што се преокупирани.
Исто така, имаме потреба да бидеме во право. Со години веќе повторувам: Кога имате избор – да бидете во право или да бидете љубезни, секогаш бидете љубезни.
Изберете ја таа опција. Кога гледате дека луѓето сакаат со вас да споделат аргумент за да обвинат некој друг, а тоа најчесто се случува во љубовните врски, ако можете да запрете, тогаш кажете: Што би можел да кажам сега? Што можам да кажам за оваа личност да се чувствува подобро?
Да победуваме или да бидеме во право е нешто во коешто Егото е сигурно. Она на што Егото нѐ учи е да запамтиме дека сите тука сме човечки суштества кои имаат духовно искуство.
Точно е тоа дека сите сме духовни суштества кои имаат човечко искуство. Потсетете се самите себеси на тоа дека вашата суштина се наоѓа во духовниот свет. Како што рекол Исуст: „Душата ни дава живот, без душата нашето тело е ништо.“