Скината гума, скршен бандаж може да биде резултатот доколку на скопските улици прегазите дупка.

Иако веќе се реткост особено во централното градско подрачје, сепак на периферијата на градот големи се шансите со својот автомобил да налетате на оштетен асфалт. Македонско-косовска бригада е една од најпрометните улици во овој дел на градот.

Тука секојдневно минуваат илјадници возила кои се соочуваат со овој проблем. Таа води од улицата Пластичарска кон Скопје Север и речиси и да нем место каде не е оштетена. Шанси за надокнада на штетата единствено ќе имате доколку ја повикате полицијата и инсистирате на службен записник.

Пред само 5 години во надлежното јавно претпријатие Улици и патишта пристигнувале по неколку тужби дневно за оштетени возила на главните улици. По градежната експанзија пристигнува само по едно барање за оштета годишно.