Ако си од Бутел...Имаш девојка од Радишани или од населба, завршуваш средно во Моша...

Секоја населба во Скопје си има одредена своја одлика и дух. Луѓето  во оваа населба се почитуваат и  дружат меѓу себе, но има неколку карактеристики по кои се разликуваа од останатите скопски маала.

Оваа скопска населба се наоѓа крајниот северен дел од градот. Бутел е заедничко име за две населби - Бутел I и Бутел II.

Ако некој видиш со непознат автомобил во движење заедно со своето друштво застанувате на сред улица и дирекно гледате во возачот за да знае каде дошол

Шетањето во маало ти е омилено хоби во животот и ако тренерките ти се основна облека во плакарот

Сите меѓу себе се познаваат, нема шанси некој да не те знае тебе и твоето семејство

Во 7, 12, 20....се слуша камбаната од црквата, а оџата пее во 5 наутро...

Секогаш имаш проблем за да им објасниш на другите дека не си од селото Бутел туку од населбата...

За Бадник е весело се вртат ора иако пола од комшиите се раскарани меѓусебно

Имаш девојка од Радишани или од населба

Завршуваш средно во Моша (Арсени Јовков)

Седењето во двор и зборењето преку ограда со комшијата ти е составен дел од секојдневието

Кога не ти се оди во Центар се шеташ по локалните улучки или одиш до пазарчето да си купиш семки и сончоглед од кај Кирпи

Кога правиш зимница сите знаат и тука се да ти помогнат...