Ако се препознаете себеси во овие карактеристики, вие сте посилни и од најцврстата карпа!

Теоретски гледано, разните искуства кои ги стекнуваме низ живот всушност не’ прават подобри и подобри луѓе. Бидете оптимисти, преземете контрола врз својот живот и никогаш немојте да се сожалувате.Тоа се единствените три работи на кои секогаш треба да работите.

Ејми Морин, психотерапевтот и експерт за умствена сила, направила листа од 14 карактеристики кои ги поседуваат умствено силните луѓе:

1 . Чувствата и логичкото размислување им се во совршен баланс

Не се работи за контрола на вашите емоии, станува збор за тоа да знаете да одржите совршен баланс помеѓу здравиот разум и чувствата. Вие гледате јасно дури и кога чувствата преовладуваат и бргу се враќате во рамнотежа.

2. Продуктивно го трошите своето слободно време

Некој може да има милион оправдувања за тоа зошто не ја завршил работата. Умствено силните луѓе ќе се фокусираат на тоа што им е навистина важно и нема да трошат време на непродуктивни активности.

3. Веруваат во својата способност да се прилагодат на промените

Животот постојано се менува и понекогаш е многу тешко да се прифатат новите околности. Повеќето луѓе се обидуваат да се ослободат од тие промени, но умствено силните луѓе ќе се фокусираат на тоа да ги „фатат“ промените кои доаѓаат.

4. Се соочуваат со стравот кој ги кочи

Повеќето луѓе го избегнуваат стравот, додека другите се соочуваат со стравот за да изгледаат храбро. Меѓутоа, умствено силните луѓе немаат што да докажуваат. Тие се соочуваат и го надминуваат својот страв за да станат подобри луѓе.

5. Учат од своите грешки

Умствено силните луѓе не ги оправдуваат своите постапки и не ги кријат своите грешки од другите. Тие учат од нив и се надеваат дека ќе станат подобри.

6. Наоѓаат баланс помеѓу тоа што се сега и тоа што сакаат да станат

Ментално силните луѓе можеби моменталн се прифаќаат себеси какви што се, но никогаш не престануваат да работат на себе.

7. Се радуваат на туѓите успеси

Умствено силните луѓе знаат како да соработуваат со другите. Никогаш не се љубоморни на успесите на другите луѓе. Напротив, тие се радуваат на туѓиот успех и среќа.

8. Го живеат својот живот и се ценат себеси

Ако се познавате себеси и своите можности, никогаш нема да згрешите со својот избор. Можноста да ги препознаете сопствените потенцијали ве прави силна личност.

9. Го надоградуваат своето знаење, не се фалат со тоа

Луѓето сакаат да се докажуваат, додека умствено силните луѓе немаат потреба за тоа. Тие имаат потреба да се унапредат себеси и да го подобрат своето знаење.

10. Го живеат својот живот

Умствено силните луѓе го ценат и го сакаат својот живот. Никогаш нема да го кажат тоа што не го мислат. Нив не ги интересира што мислите вие за тоа, затоа што тоа е нивен живот.

11. Го ценат тоа што го имаат, а не тоа што би можеле да го имаат

Умствено силните луѓе секогаш се среќни со тоа што го имаат, а не со тоа што би можеле да го имаат. Со тоа лесно ги поднесуваат неуспесите.

12. Знаат дека победата вреди да се чека

Нетрпението ве прави слаби. Затоа, умствено силните луѓе знаат дека секој успех мора темелно да се гради.

13. Одговорни се за своите дела

Тие знаат дека секој човек греши, а кога ќе дојде до грешка, тие ја признаваат. Тие работи не ги кријат под тепих: Ги прифаќаат и учат од нив.

14. Благодарни се

И покрај тоа што тежат кон повисока цел, умствено силните луѓе знаат дека имаат и повеќе отколку што им е потребно и благодарни се за тоа.