Ако сакате пари и работа за вас оваа земја е измислена!

Пари во Швајцарија заработуваат сите кои сакаат да работат и кои се работници. 

Во Македонија имаме и некои скапи основни намирници отколку во Швајцарија или Германија. Информации за стандардот можеме да добиеме со поглед на паричникот или фрижидерот, но не и во домашните медиумите во кои политичките лидери сиромашната Македонија ја претставуваат како некаков „европски лидер“.

Швајцарскиот кантон Цирих објави водич за плати од кој може да се види колкава е заработката во поедини професии во таа земја. Порталот Swissinfo.ch објави колку во просек заработуваат некои професии, со напомена дека платите се високи, но и дека се високи трошоците за живот.

Фризер – 2.601 CHF

Цвеќар – 3.800 CHF

Графички дизајнер– 3.800 CHF

Столар – 4.018 CHF

Работник во пошта– 4.031 CHF

Пекар – 4.051 CHF

Автомеханичар – 4.450 CHF

Кондуктер во воз – 4.558 CHF

Софтвер девелопер – 4.608 CHF

Возач на автобус – 4.858 CHF

Новинар – 5.551 CHF

Социјален работник – 6.246 CHF

Учител – 7.398 CHF

Офицер во војска – 8.142 CHF

Јавен обвинител – 10.400 CHF

Главен лекар во болница во Цирих – 12.824 CHF

А, во Швајцарија се практикува и исплата на тринаесетта плата. Платите се договараат во бруто износ, а нето износот обично е 13 до 20 отсто помал. Цената на греење е двапати пониска отколку кај нас, додека грејната сезона трае според потребите во сите месеци со исклучок на август. Инаку, швајцарската тринаесетта плата во просек изнесува колку цела годишна заработка кај нас. Интересно е и тоа што во таа алпска земја нема питачи, додека стапката на невработени е на нивно на статистичка грешка.