Ако сакате да работите во Германија, сега е вистинскиот момент за тоа

Во Германија никогаш немало повеќе работни места. 

Само во првите три месеци од 2017 година, отворени се 1,064 милиони работни места и се бараат исто толку работници. 

Тоа е 9000 повеќе во однос на истиот период лани. 

Околу 77% од овие работни места се во Западна Германија. 

Во 64% од случаите се бара занает, а за 16% од огласите потребна е и факултетска диплома. 

За 20% од работниците не се бараат некои посебни квалификации. 

Се оценува дека вработеноста во Германија ќе биде рекордно висока, 45 милиони или за 670.000 повеќе во однос на минатата година.