Ако сакаш да ме имаш, ќе мораш секој ден одново да ме одбираш мене

Не сум личност која би била со тебе ако сакаш само некаква резерва. Јас сум приоритет. Не избор, туку прв и единствен избор. Јас давам љубов која очекувам да ми се врати во еднаква мера. Ако тоа не е така, не ја гледам смислата на врската. Ако сакаш да ме имаш, ќе мораш секој ден одново да ме одбираш мене или ќе мора да се збогуваш со мене.

И знам дека нема да биде лесно, најверојатно ќе биде многу тешко. Ќе има денови кога нема да се сакаме. Ќе има денови кога ќе имаш чувство дека тоа што ме сакаш и ме прифаќаш е исто како да се качуваш на планина. Ќе има денови кога нема да сакаш да ме сакаш, а јас секако ќе очекувам да ме сакаш. Затоа што треба да ме одбереш дури и во најтешките моменти. Или треба едноставно да ме пуштиш да си одам и да најдам некој кој нема да си замине среде битка.  

Не можам да ветам дека секојдневно ќе бидам жената на твоите соништа или дека секој ден ќе биде лесен и дека никогаш нема да треба да вложиме труд. Некогаш ќе мора да минуваме низ торнадо наместо сонце и да го почувствуваме дождот за да стигнеме до виножитото. Но, вистинската љубов е љубов која прави да посакуваш да се соочиш со бурата. Ми треба да останеш со мене и кога нашиот пат е трнлив, а ако не, тогаш сакам да ме пуштиш за да си го пронајдам сопствениот пат. Кога станува збор за љубовта, никој не сака да признае дека темелот на љубовта е изборот. Тоа не е само хемиска реакција како на филмовите, не е нешто што онака се случува и паѓа од ведро небо. Тоа е избор кој мораш да го направиш и кој ја вклучува и другата личност.

Првиот чекор е одлуката да бидеш со некого, да избереш да го сакаш. Затоа и ти го кажувам сето ова. Ако велиш дека ме сакаш и ако велиш дека сум твоја, а ти мој, очекувам да ме избираш секој ден. Избери ме и кога сум безлична и кога сѐ е прекрасно и обоено со весели бои. Избери ме и кога и самата не знам зошто сум лута, но не сум забавна. Избери ме и кога не можам да престанам да се смејам. Избери ме и кога не можеш да ме препознаеш и кога не можеш да веруваш дека не сме сретнале порано.

Избери ме. Прифати ме. Сакај ме. Без прашања и граници. Секој ден одбирај ме мене или остави ме засекогаш. Дозволи ми да си одам и да ја најдам љубовта за која сонувам. Дозволи ми да најдам некој кој не се плаши од дожд, тага и лоши времиња. Дозволи ми да го најдам човекот кој ќе биде со мене без оглед на сѐ. Ако не си подготвен да ме одбереш, не си подготвен да ме сакаш.

Навистина е едноставно.

Одбери ме мене или остави ме.

Драги мој, јас ветувам дека секој ден ќе го правам ова за тебе.