Ако решите да патувате оваа лето со автомобил, бидете трпеливи и почитивајте ги сообраќајните правила

Во летниот период трпеливоста е многу важен фактор за безбедноста на сообраќајот на патиштата, па едноставно ќе ви биде полесно доколку се помирите со фактот дека е гужва, редици од возила ќе има на наплатните рампи и на граничните премини. Внимавајте на престигнувањето и никако на практикувајте слалом возење!

Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е основно правило за безбедно управување со возилото. Бидете внимателни, следете ја сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци, тие се поставени за вас да ве известат за безбедната брзина на движење на патот, за условите на патотот, за опасностите на патот, за одрони, за лизгав коловоз, итн. Сообраќајните знаци се азбуката на сообраќајот. Почитувањето на сообраќајната сигнализација и сообраќајните знаци е гаранција за безбедно одвивање на сообраќајот. 

Брзото возење и алкохолот се водечки причини за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици. Затоа, прилагодете ја брзината на условите на патот, не престигнувајте на полна линија, или пак, кога немате прегледност на патот и секако, никогаш не управувајте моторно возило под дејсатво на алкохол.

Во секое патување најважно е да се стигне до саканата дестинација здрав и жив.