Ако повеќе не сте заљубени, ослободете ги

Ќе им направите голема услуга. И нив. И себеси.

Имам една другарка којашто е толку многу заљубена во својот дечко. Таа толку многу го сака. Се гледа тоа. Се гледа по начинот на којшто зборува за него. Начинот на којшто го изговара неговото име. Начинот на којшто му вели „Те сакам“ преку телефон и начинот на којшто нејзините очи сјаат кога ќе и пише порака. Но, тој не знае дали ја сака и тоа бавно ја убива.

И тоа не го крши само нејзиното срце, го крши и моето. Од авион се гледа дека таа заслужува подобро. Но, тоа не е мој живот и  тоа не е моето срце коешто толку е заљубено во некој кој не ни знае дали е заљубен.

Ако не го сакаш начинот на којшто нејзиното лице се разведрува кога ќе дознае нешто ново, ослободи ја.
Ако не го сака начинот на којшто ги мумла погрешните зборови на нејзината омилена песна, ослободи ја.
Ако не се гордееш со нејзината работа, ослободи ја.
Ако таа не те мотивира, ослободи ја.

Затоа што таа заслужува подобро.

Таа заслужува некој кој ќе ја обожава нејзината насмевка. Некој кој ќе се смее заедно со неа кога два пати по ред ќе ја загори вечерата. Некој кој знае дека е тажна и покрај нејзината широка насмевка.

Ако не можеш да ја сакаш со целото срце, ослободи ја, затоа што некој ќе може да ја сака. И ќе ја сака.

Не биди себичен,затоа што таа заслужува многу повеќе од тоа. Да бидеш со некој кој не го сакаш е сурово, особено кога знаеш дека другата страна те сака.

Ако не ја ослободиш, ја спречуваш да биде слободна за да најде вистинска љубов. Не и дозволуваш да расте како личност. Ја спречуваш да продолжи понатаму.

Покажи и колку ја сакаш додека си со неа, а не кога таа еднаш ќе продолжи.

Затоа што некој ќе ја сака. Многу. Ќе ја сака нејзината насмевка, ќе се гордее со неа и ќе ја сака поради тоа што е.

Ако не ја сакаш, ослободи ја.