Ако постојано чувствувате вина поради минатото, ќе привлекувате неволји во вашиот живот

Не можете да имате подобро минато, затоа веднаш напуштете ја таа идеја! Сте го направиле најдоброто што сте можеле, со оглед на околностите.

Наместо да потонете во жалење, мислите нека ви останат насочени кон љубовта и вашите дела нека произлегуваат од таа љубов. Минатото е завршено и вие не сте повеќе истата личност. Не се полнете со вина и лутина околу тоа што сте требале да направите тогаш.

Практикувајте ослободување од чувството на страв и вина и заменете ги со љубов, простување и љубезност. Ако чувствувате вина поради своето минато, потсетете се дека со тоа всушност ги повикувате неволјите во вашитот живот. Ослободете се од вината со тоа што ќе си простите самите на себе и ветете си дека во иднината ќе избегнувате такви работи. Вината е губиток на вашето ментално здравје, се што сте направиле е завршено и било лекција за вас. Ако сегашноста ја исполнувате со вина поради минатотот, тоа е само еден начин кој ве оддалечува од тоа да бидете тука во овој момент. Отпуштете ја кривицата од вашиот живот и тоа почнувајќи од сега, само една мисла ве дели од тој чин!

Ако пораките од минатото не ви донеле мир и среќа, тогаш вашето минато ви донеле погрешни лекции, запамете го тоа! Не се плашете да се ослободите од тие верувања. Бидете во мир со она што го сакате, со тоа што значи транформација на вашиот живот. Затоа, треба да се ослободите од која било мисла или верување кои ве оддалечуваат од ова. Ако не ви носи мир – тогаш не ви требаат, отфрлете ги!

Разгледајте ја можноста за потполно бришење на личната историја од вашата свест и обидете се во потполност да живеете во сегашниот момент. Кога ќе престанете да се потпирате на работите какви што некогаш биле, тогаш ќе пронајдете нова слобода. Ослободете се од сите етикети кои ви кажуваат што сте, едноставно избришете го минатото и обидете се денес да излезете надвор без никакво минато, само со сегашноста.

Наместо да го проколнувате вашето минато, благословете го и простете си себеси. Кога знаете дека тие искуства се дел од Божјиот план за вас, ќе можете да си простите.