Ако полека ве уништува, тоа не е љубов!

Понекогаш мешаме љубов со залуденост. Понекогаш мислиме дека вниманието е поважно од вистинското внимание. Понекогаш паѓаме безмилосно, но не престануваме да паѓаме дури и кога ќе сфатиме дека тоа не е вистинската личност или вистинската љубов.

И има нешто поврзано со погрешната љубов што прави да паѓаме уште посилно. Има нешто поврзано со погрешната љубов што прави да ја посакуваме уште повеќе. Има нешто поврзано со личностите кои не се однесуваат добро со нас што прави да ги сакаме нив и само нив.

И се убедуваме себеси дека таа врска може да биде нешто што не е. Се убедуваме себеси дека е љубов. Толку интензивно ги чувствуваме тие работи, што се убедуваме самите себеси дека мора да е љубов. 

Ги сакаме погрешните луѓе и им дозволуваме да не уништат. Но, понекогаш се се случува толку бавно и едноставно не гледаме дека некои врски се самоуништувачки. Затоа што тие не се секогаш сурови. Понекогаш ја маскираат суровоста со љубезност. Понекогаш се маскираат, но во реалноста тие се ептен погрешни за нас, само ние одбираме да не го видиме тоа.

Затоа што тоа никогаш не ве изненадува. Вие знаете дека личноста со којашто танцувавте е баш ваш тип. Има нешто привлечно во работите кои не може да ги имаме. Има нешто што ве привлекува кон ѓаволот. А ѓаволот секогаш доаѓа облечен како ангел. Затоа што можеби тој ви е потребен. Можеби се храните од драмата, можеби ви е потребен како што нему е потребно да искористи некој. Можеби и двајцата не сакате да бидете сами, затоа што како што велат: „Мизеријата сака друштво.“ Да, вие во секого гледате добро. И најверојатно никогаш нема да се промените. Мислите дека можете да го извлечете доброто од нив. Но, љубовта не треба да боли толку.

Затоа што можеби сте заљубени. Но, тие не се заљубени во вас. Тие се заљубени во фактот дека вие сте заљубени во нив. Го сакаат тоа што ви се потребни. Ве сакаат затоа што го храните нивното его.

Но, тоа не е љубов. Љубовта не е наплив на адреналин од емоции. Љубовта не е уништување на друга личност. Љубовта не е болка. Љубовта не е збунетост. Љубовта не ве остава со прашалници над глава. Љубовта не е константна борба да задржите нечие внимание. Љубовта е едноставна. Љубовта треба да ве зацврсти, а не да ве сруши. Љубовта треба да ве исполни, а не да ве испразни додека вие жртвувате делови од себеси за да задоволите друга личност.

Да, вие мислите дека сте заљубени. Но, не гледате што ви прави ова што вие го нарекувате љубов. Не ги гледате вашите скршени делови кои се кршат на уште поситни парченца. Не гледате дека згаснува сјајот во вашите очи. Не гледате како самите се уништувате себеси, но тоа е токму тоа што се случува.

Не го гледате тоа затоа што ние го гледаме тоа што сакаме да го видиме кога сме подготвени. Тие ќе ве уништат уште повеќе ако им го дозволите тоа. Тие ќе ве променат уште повеќе ако им го дозволите тоа. И некаде по патот, ќе се погледнете во огледало и нема да го препознаете лицето коешто стои од другата страна. Не се губете себеси поради оваа работа којашто вие ја нарекувате љубов.

Затоа што тоа не е љубов. Љубовта е многу повеќе од тоа.