Ако одите на одмор во Грција заштитете се од комарци- се појави прв случај на западнонилски вирус

Грчкиот центар за контрола и превенција на болести (КЕЕЛПНО) соопшти дека во Грција е потврден првиот случај на западнонилски вирус, додавајќи дека минатата и во 2015 година во земјата немало случаи на овој вирус кај луѓе.

Лицето кое го има вирусот, живее во земјоделска област во Арголида, на Пелопонез. КЕЕЛПНО соопшти дека не е можно да се предвиди каде може да се појави вирусот, советувајќи ги жителите и туристите да се заштитат од комарци, кои ја пренесуваат болеста.

Спорадични случаи на западнонилска треска кај луѓе во Европа се појавиле уште во 60-тите години од минатиот век. Во Грција оваа болест првпат се појави во 2010 година, кога заболеа 262 лица, од кои 35 починаа.