Ако носиш деколте си лесна жена, а ако носиш ролка си фригидна баба!

Заземи го својот став на работното место.
Немој да го заземаш премногу, ќе изгледа како да сакаш да наредуваш.
Нашминкај се.
Всушно, немој. Мажите сакаат жени со помалку шминка.
Покриј се ако не сакаш да привлечеш непосакувано внимание.
Немој да се покриеш, навредливо е и чудно.
Да се биде жена во 2017 година е тешко исто како и претходните години, затоа што без оглед на тоа што правиме, како и да изгледаме, секогаш сме предмет на расправа, коментари и критики. Од тоа како се облекуваме и шминкаме, до тоа како се однесуваме на работа, а тоа директно се одразува на мајчинството. Се е лошо ако жената го прави тоа, затоа што никако не можеме да ги задоволиме потребите на сите.

Наместо да се прашуваме што сака општеството од нас, подобро е да се откажеме од потребата да му објаснуваме на светот нешто што нема допирна точка со него.

Постојано имаме фрази од типот „нашминкај се, но изгледај природно“ или „однесувај се како дама, размислувај како шеф“, особено во врските. Немој да бидеш евтина, но немој да бидеш ни фригидна. Ако не си во штикли, дај отказ или ќе добиеш отказ, дури и ако ти крварат стопалата. Ако си авторитет, тогаш ќе сте следат муабети дека си тешка, напорна, импулсивна, со еден збор: кучка. Ако си машко, тогаш нема врска, само си шеф, со сите свои особини.

Во врските изгледај женствено, шминкај се, убаво облекувај се, избричи се, затоа што ако не се избричиш, што ќе каже твојот дечко? Ако изгледаш природно и не правиш ништо од тоа, тогаш ќе се прашуваат што прави тој со таква, обична, неуредна и грда девојка. Меѓутоа ако претераш, ќе постават прашање од типот што е целта на сето тоа? Другите да те гледаат? Е не може. Ако си љубоморна, тогаш си луда. А уште полуда си ако не си љубоморна, затоа што ако имаш комбинација од природен изглед и недостаток на љубомора, тогаш твојот маж ќе си отиде од тебе.

Деколте е еднакво на лесна жена
Ролка е еднакво на фригидна, со тенденција дека ќе стане калуѓерка.
Кратко здолниште, барала секс.
Долги панталони, нема никогаш да предложи секс.
Штикли-претерано, чевли-старомодно, досадно.
Ако имаш став тогаш си напорна феминистка, ако немаш став тогаш си поводлива и глупава.
Ако си домаќинка значи дека немаш попаметна работа, ако си успешна деловна жена, тогаш немаш семејство.

И така до недоглед, секој ден иста приказна.

А суштината е една: Облечи што сакаш и носи ги своите ставови како што ја носиш својата облека. Со гордост и храбро!