Ако некоја работа мораш да ја платиш со својот мир - тоа е превисока цена за плаќање

Понекогаш најтешките рани не се оние кои другите ни ги отвораат, понекогаш најтешки се раните кои си ги нанесуваме самите на себе.

Тоа се оние рани кои ги отвораме кога чепкаме по своите болни спомени, раните кои се создаваат поради нашето превртување на прастари разочарувања. Најтешки се оние рани од кои ништо не учиме и не ни даваат никаква животна школа, а некако секогаш успеваат повторно да се појават. Но, за тие рани самите сме си виновни, затоа што одново и одново им се враќаме иако знаеме дека страдаме поради нив.

Најтешки се оние рани кои не можат да се залечат поради тоа што немаме сили да си простиме самите на себе, иако знаеме дека другите ни простиле.  Најтешки се оние рани поради кои не се мрднуваме од место, а тие се создаваат само кога се грижиме за тоа што другите мислат и зборуваат, а ги занемаруваме соништата кои ги носиме во себе.

Најтешки се оние рани кои се отвораат кога не правите граница меѓу себе и другите. Најтешки се оние рани кои се случуваат кога им дозволуваме на другите да се однесуваат со нас како што сакаат, наместо да им речеме: „До тука е границата“.

Најтешки се раните кои се создаваат од нашата верба во луѓето, иако сто пати нѐ разочарале, мислејќи дека работите можеби ќе се променат, а тие повторно ќе нѐ повредат. Тоа не се изолирани рани, туку тие стануваат дел од нашето секојдневие и поради нив ја губиме силата да се бориме за себе.

А сето тоа се случува затоа што го жртвуваме својот мир поради некаква лажна надеж и ветувања, го жртвуваме својот мир со цел да ги задоволиме барањата на оние кои не би го направиле тоа за нас.

А потребно е само едно, да бидеме свесни за тоа колку е важно да го зачуваме сопствениот мир, да не трчаме и ползиме пред другите, да не се компромитираме за работи кои немаат сила да го задоволат нашето срце, да имаме своја цел и да веруваме во идеали.

Сѐ помалку од тоа значи дека секогаш одново ќе си нанесуваме рани самите на себе.