Ако некој те сака, нема да ризикува да те изгуби!

Запамети го ова.

Раскинувања можат да бидат полни со неодлучност.

Во жештината на моментот, може да се чувствуваш полна со елан за заминување, а наредниот ден со солзи да пишуваш „Ми недостигаш“ пораки на секој еден час.

Ако се чувствуваш како хистерична жена која не може да излезе со своите чувства на крај или ако си лута на себеси поради тоа што не можеш да си ги контролираш чувствата, тоа е сосема во ред.

Ти не си луда. Само си човек.

Дури и при раскинувањата на врски во кои личноста направила нешто што не може да се прости и знаете дека давањето втора шанса е грешка – двоумењето е се уште тука.

Без оглед на околностите, сепак сакате да се држите за убавите моменти моменти и можеби се фаќате себеси како се прашувате: „Зошто јас?“

Најверојатно личноста со којашто сте биле се уште е важен дел од вашиот живот. Тоа е некој за кого никогаш не сте ни помислиле дека може да ве повреди. Но, тоа е животот и работите се менуваат.

И додека сосема е нормално да ви недостига блискоста, тоа не значи дека треба да се смирите. Раскинувањата не се едноставни. Не е дека само носиш одлука да раскинеш и едноставно продолжуваш понатаму, иако луѓето мислат дека треба да биде така.

Треба време за човек да заздрави и треба да поминете низ подеми и падови за да стигнете таму. Само затоа што ви недостасуваат бившите, не значи дека треба да се смирите со нив.

Обично врските завршуваат затоа што некој престанал да вложува труд.

И иако сега можеби велат дека направиле грешка и дека ве сакаат, мора да се потсетите дека ако навистина толку ве сакале, немале да ризикуваат да ве изгубат.

Секако, луѓето се само луѓе и прават грешки и верувам дека сте доволно мудри за да дадете втора шанса онаму каде што треба да дадете втора шанса.

Но, ако почне да се повторува, тогаш е време да почнете да ги слушате нивните дела, наместо нивните зборови.

Заминавте, продолжете понатаму. Секако дека во тој момент тие ќе ги кажат сите работи коишто отсекогаш сте сакале да ги чуете.

Но, ако тие така постојано се чувствувале, зошто не ви го кажале тоа порано? Ако навистина ве сакале, зошто не се однесувале како да ве сакаат?

Сам вие знаете што е најдобро за вас и какви се вашите бивши. Но, сепак размислете за тоа како се однесувале со вас. Осигурајте се дека им давате втора шанса затоа што навистина ја заслужуваат, не само затоа што сте тажни.